• понеделник, 23 декември 2024

Путин: Русија ќе ги брани своите интереси во рамките на меѓународното право

Путин: Русија ќе ги брани своите интереси во рамките на меѓународното право

Москва, 21 април (МИА) - Русија има свои интереси што ќе ги штити според меѓународното право, нагласи денеска рускиот претседател Владимир Путин во годишното обраќање до нацијата.

Тој изјави дека значењето на надворешната политика на Русија е да обезбеди мир и безбедност и стабилен развој на земјата.

Русија не реагира на некои непријателски активности од други држави, бидејќи сака да има добри односи со меѓународната заедница и да се однесува „многу воздржано, дури може да се каже и скромно“.

- Честопати воопшто не реагираме, не само на непријателски активности, туку и на отворена дрскост, рече Путин, додавајќи дека тие без причина ја споменуваат Русија.

Рускиот претседател рече дека Русија не сака да „урива мостови“ во односите.

- Навистина не сакаме да уриваме мостови, но ако некој ги смета нашите добри намери како ноншалантност или слабост и има намера да ги пресече или дури и да ги уништи тие мостови, тој мора да знае дека одговорот на Русија ќе биде асиметричен, брз и остар, изјави Путин.

Тој додаде дека Русија и предлага на меѓународната заедница да разгледа стратешка и глобална стабилност. паг/

Остани поврзан