• недела, 24 ноември 2024

Путин: Разгледуваме одговори доколку НАТО и дозволи на Украина да користи ракети со долг дострел

Путин: Разгледуваме одговори доколку НАТО и дозволи на Украина да користи ракети со долг дострел

Москва, 27 октомври 2024 (МИА) - Кремљ соопшти денеска дека рускиот претседател Владимир Путин предупредил дека официјална Москва разгледува различни начини на реагирање доколку САД и нивните сојузници во НАТО дозволат Украина да користи западно оружје со долг дострел за напади длабоко во руската територија.

„Руското Министерство за одбрана размислува за тоа како да одговори на можните напади со долг дострел на руска територија и ќе понуди голем број можни опции“, изјави Путин за руската државна телевизија.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски со месеци бара од своите сојузници да и дозволат на Украина да лансира западни ракети со долг дострел, вклучувајќи ги американските „АТАЦМС“ и британските „Сторм Шедоус“, длабоко на руската територија за да ја ограничат способноста на Москва да изврши напади. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан