• петок, 10 мај 2024

Путин потпиша указ за економски мерки за непријателски земји

Путин потпиша указ за економски мерки за непријателски земји
Москва, 3 мај 2022 (МИА) - Рускиот претседател Владимир Путин денеска потпиша указ за реципрочни економски мерки, како одговор на „непријателските дејствија на одредени странски држави и на меѓународни организации“, соопшти денеска Кремљ. Указот предвидува руска забрана за извоз на производи и суровини на лица и на стопански субјекти, против кои се воведени санкции. Ним им се забранува и трансакции со странци и со компании, што биле предмет на реципрочни санкции од страна на Русија и им се овозможува на руските партнери да не ги исполнат своите обврски кон нив. бд/зш/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан