• четврток, 26 март 2026

Путин потпиша закон со кој се казнува продажба на енергетски пијалоци на деца

Путин потпиша закон со кој се казнува продажба на енергетски пијалоци на деца

Москва, 7 јуни 2025 (МИА) - Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон со кој се предвидуваат казни до 5.500 евра (500.000 рубли) за продажба на енергетски пијалоци на деца.

Законот утврдува казни за кршење на правилата за малопродажба на безалкохолни енергетски пијалоци на малолетници. Предвидена е казна до 5.500 евра за граѓаните и правните лица, а до 2.200 евра за службените лица.

Претседателот на руската државна дума, Вјачеслав Володин, претходно изјави дека тој закон ќе биде продолжение на систематската законодавна работа за заштита на здравјето на помладата генерација. зш/

Остани поврзан