• сабота, 21 декември 2024

Путин потпиша закон против фалсификување на историјата

Путин потпиша закон против фалсификување на историјата
Москва, 1 јули 2021 (МИА) - Рускиот претседател Владимир Путин денеска го потпиша законот против фалсификување на историјата. Законот, меѓу другото, го криминализира изедначувањето на советските и нацистичките акти за време на Втората светска војна, пренесува Хина. Историчарите го критикуваат законот, сметајќи дека тој може да се толкува премногу широко. Некои исто така го критикуваа Кремљ затоа што сака да обезбеди „монопол врз вистината“ и се потпираат на строгото законодавство за забрана на одредени историски ставови. Путин, сепак, го оправдува законот со борба против фалсификување историски факти. Во 2019 година, рускиот претседател жестоко ја критикуваше резолуцијата на Европскиот парламент, која исто така го обвини Советскиот сојуз за избувнувањето на Втората светска војна. паг/  

Остани поврзан