Путин: Новите руски региони до 2030 година треба да го достигнат руското просечното ниво на квалитет на живот
- Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска изјави дека руските власти континуирано се занимаваат со прашањата за реконструкција и развој на „новите региони на Руската Федерација“
Москва, 30 јуни 2025 (МИА) – Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска изјави дека руските власти континуирано се занимаваат со прашањата за реконструкција и развој на „новите региони на Руската Федерација“.
- На дневен ред се прашањата за реконструкција и развој на економијата, транспортот, социјалната и другата инфраструктура на Донецка и Луганска Народна Република, како и на Херсонска и Запорошка област. Со оглед на обемот и посебното значење на оваа работа, редовно се враќаме на ова прашање, посочи Путин за време на сесијата посветена на социо-економскиот развој на така наречените нови субјекти на Руската Федерација.
Тој постави цел Донецка и Луганската народна република, како и Херсонска и Запорошката област до 2030 година да го достигнат просечното ниво во сите клучни индикатори во Русија, вклучително и квалитетот на животот.
- Ова вклучува изградба или реконструкција на образовни, културни, здравствени и спортски објекти, како и развој на патишта, станбени и комунални услуги, комплетна социјална инфраструктура и создавање нови работни места со пристојни плати, истакна Путин.
Тој додаде дека руските власти планираат да реконструираат дополнителни 9.600 километри патишта во Донбас и Новоросија. ми/
фото: ЕПА