• четврток, 26 март 2026

Путин нареди дополнителни мерки на руските граници

Путин нареди дополнителни мерки на руските граници

Москва, 27 феруари 2025 (МИА) - Престседателот на Русија, Владимир Путин денеска на состанокот на колегиумот на ФСБ издаде наредба за дополнителни мерки за сигурна заштита на руската државна граница. 

-Мора да преземеме сериозни дополнителни мерки за заштита на државната граница. Мораме да продолжиме да ја зголемуваме густината на граничното покривање во потенцијално опасните области, во соработка со армиските единици, единиците на руската национална гарда и Министерството за внатрешни работи и локалните власти за да се осигура безбедноста на луѓето во пограничните населби, рече шефот на државата.

Путин изјави дека преговорите меѓу САД и Русија го исполнуваат со „надеж“ дека „проблеми“ како украинскиот конфликт може да се решат.

-Првите контакти со новата американска администрација даваат одредена надеж. Постои заедничка желба да се работи на обновување на односите, рече Путин за време на состанокот со претставниците на руската безбедносна агенција ФСБ. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан