• понеделник, 18 ноември 2024

Путин му предлага на Бајден виртуелен разговор со пренос во живо

Путин му предлага на Бајден виртуелен разговор со пренос во живо
Москва, 18 март 2021 (МИА) - Рускиот претседател Владимир Путин денеска му предложи на својот американски колега Џо Бајден во наредните денови да одржат виртуелен разговор, кој ќе се пренесува во живо, како одговор на изјавата на Бајден дека тој е убиец.
„Сакам да му предложам на претседателот Бајден да продолжиме со нашите разговори, но под услов да го сториме тоа во живо, онлајн, како што велат тие“, изјави Путин за руската телевизија, додавајќи дека „би било интересно за рускиот народ, американскиот и за многу други земји“.
Тој рече дека разговорот треба да се одржи „без одлагање“ веќе утре или во понеделник.
Путин рече дека ќе даде налог на Министерството за надворешни работи да ја предложи таа виртуелна средба. паг/
   

Остани поврзан