• петок, 22 ноември 2024

Путин и нареди на владата да му достави целосен список на земји кои воведоа санкции кон Русија

Путин и нареди на владата да му достави целосен список на земји кои воведоа санкции кон Русија
Москва, 6 март 2022 (МИА) - Рускиот претседател Владимир Путин и нареди на владата да состави и во рок од два дена да достави список на земји кои воведоа санкции кон Руската Федерација. Ова важи и за компании, организации и поединци, според указот на шефот на државата. „Владата на Руската Федерација во рок од два дена да направи список на странски земји кои вршат непријателски дејствија против Руската Федерација, руските правни и физички лица“, се вели во соопштението. Со овој указ, претседателот воспостави привремена постапка за плаќање на странски кредитори поврзани со земјите кои воведоа санкции кон Руската Федерација. ссм/

Остани поврзан