• среда, 16 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Путин и емирот на Катар ќе се сретнат во Москва за да разговараат за ситуацијата во Украина и на Блискиот Исток, соопшти Кремљ

Путин и емирот на Катар ќе се сретнат во Москва за да разговараат за ситуацијата во Украина и на Блискиот Исток, соопшти Кремљ

Москва, 16 мај 2025 (МИА) - Рускиот претседател Владимир Путин ќе разговара за ситуацијата во Украина со емирот на Катар, шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани, кој се очекува да пристигне денеска во Москва, соопшти портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Путин и емирот на Катар ќе разменат мислења за украинските прашања, ќе бидат разменети мислења и за регионални прашања“, рече Песков.

Тој истакна дека Блискиот Исток „изобилува со потенцијал за конфликт“, а Катар одигра многу важна улога во регулирање на голем број ситуации.

Катар постојано се обидуваше да дејствува како посредник меѓу Русија и Украина и помогна во организирањето на враќањето на децата од двете страни кои беа одвоени од нивните семејства за време на војната.

„Високо го цениме потенцијалот и сегашното ниво на нашата трговско-економска соработка и, се разбира, нашиот доверлив дијалог за многу теми, вклучително и за најчувствителните“, додаде Песков. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан