• четврток, 26 март 2026

Путин и Бин Зајед ал-Нахјан разговараа за економската соработка, инвестициите и ситуацијата на Блискиот Исток

Путин и Бин Зајед ал-Нахјан разговараа за економската соработка, инвестициите и ситуацијата на Блискиот Исток

Москва, 7 август 2025 (МИА) - Претседателите на Русија и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), Владимир Путин и шеикот Мохамед бин Зајед ал-Нахјан, денеска во Кремљ разговараа за билатералната соработка со посебен фокус на економската соработка и спроведувањето на конкретни инвестициски и транспортни проекти, но и за актуелни меѓународни прашања.

Планирано е да бидат потпишани и низа билатерални документи што се однесуваат на областа на инвестициите и транспортот.

Лидерите посветија посебно внимание на актуелните меѓународни прашања, вклучувајќи ја ситуацијата на Блискиот Исток и палестинско-израелскиот конфликт.

Путин нагласи дека Русија им придава посебно значење на односите со ОАЕ, оценувајќи ги како „исклучително блиски и динамични“. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан