• петок, 22 ноември 2024

Путин и Асад разговараа за враќање на бегалците во Сирија

Путин и Асад разговараа за враќање на бегалците во Сирија
Москва, 9 ноември 2020 (МИА) – Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот сириски колега Башар ал Асад разговараа денеска за враќање на бегалците во Сирија. Путин во видео повикот со Асад истакна дека се создадени услови во земјата за враќање на бегалците. - Сега кога е воспоставен мир во поголемиот дел на Сирија, постои одлична можност да се обезбеди масовно враќање на бегалците, нагласи рускиот претседател. Тој додаде дека е потребно да се гарантира природно одвивање на процесот и да нема принуда. - Сите Сиријци треба сами да донесат одлука откако ќе добијат доверливи информации за ситуацијата во својата земја, посебно за чекорите кои Вие, господине претседателе, и сириските власти, ќе ги преземете за обновување на мирниот живот, изјави Путин, обраќајќи му се на Асад. гт/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан