• четврток, 07 ноември 2024

Путин за вечерва свика итна седница на државниот врв

Путин за вечерва свика итна седница на државниот врв

Москва, 30 октомври 2023 (МИА) – Рускиот претседател, Владимир Путин, за вечерва, во 19 часот, свика итен состанок на кој ќе присуствува целото државно раководство.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Путин во текот на денот ќе одржи состанок на кој ќе се разговара за обидот на Западот да ги искористи настаните на Блискиот Исток за да го подели руското општество.

-Добро е познато и очигледно дека вчерашните настани околу аеродромот во Махачкала во голема мера се резултат на надворешно мешање, вклучувајќи и надворешно информативно влијание, рече Песков.

Поголема група луѓе вчера предизвикаа немири при слетувањето на авионот од Тел Авив, по што аеродромот остана привремено затворен, соопшти Руската Федерална агенција за воздушен транспорт - Росавијација. По инцидентот беа уапсени 60 учесници во немирите. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан