• сабота, 23 ноември 2024

Путин:  Руската економија се опоравува во голем број сектори

Путин:  Руската економија се опоравува во голем број сектори
Москва, 23 октомври 2020 (МИА) - Руската економија започна да се опоравува во голем број сектори, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин на состанокот за економски прашања. - Навистина, гледаме закрепнување во голем број сектори“, рече Путин, наведувајќи ја како пример динамиката на производството штое приближно до нивото од минатата година во август-септември, објави агенцијата ТАСС. Тој рече дека е слична состојбата и со сообраќајот на железнички товар, при што домашните испораки бележат благ пораст. - Сепак, економијата сè уште не е свртена кон одржлив долгорочен раст, заклучи Путин. паг/    

Остани поврзан