• понеделник, 23 декември 2024

„Пура во Осака“ на авторот под шифра „Архина“ најдобар на Конкурсот „Живко Чинго“

„Пура во Осака“ на авторот под шифра „Архина“ најдобар на Конкурсот „Живко Чинго“
Охрид, 6 август 2021 (МИА) – Расказот со наслов „Пура во Осака“ на авторот со шифра „Архина“ е добитник на наградата „Живко Чинго“ за 2021 година, што Општина Охрид ја доделува по повод Традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“. На Конкурсот биле пристигнати 47 раскази, а жири-комисијата во состав, проф. д-р Димитар Пандев, проф. Славе Ѓорѓо – Димоски и Тоде Илиески издвоиле десет раскази во поширок и три раскази во потесен избор. На денеска одржаниот работен состанок едногласно било одлучено наградата „Живко Чинго“ за 2021 година да му припадне на расказот „Пура во Осака“. Расказот „Пура во Осака“ е осмислен како продолжен суптилен дијалог во кој се актуализираат современите предизвици на македонскиот јазик. Наградата за најдобар расказ е една и изнесува 30 илјади денари, а истата ќе биде врачена на културната манифестација „Вечер на Живко Чинго“ што која во негова чест традиционално секоја година се одржува во неговото родно Велгошти. аб/фф/

Остани поврзан