• вторник, 26 ноември 2024

Пункт за дарување коскена срцевина на трката Халк еко „Скопје трча 10 км“

Пункт за дарување коскена срцевина на трката Халк еко „Скопје трча 10 км“
Скопје, 6 мај 2022 (МИА) - Во рамки на кампањата „Биди срцевина, биди херој“, организирана од страна на  Универзитетската клиника за хематологија и Институтот за имунобиологија и хумана генетика, а поддржана од Министерството за здравство, за време на трката на Халк Еко „Скопје трча 10 км“ кој ќе се одржува во недела ( 8 мај 2022 година),  ќе биде отворен пункт каде што сите граѓани на возраст од 18 до 50 години ќе можат да даруваат коскена срцевина и да станат дел од Македонскиот дарителски регистар за коскена срцевина. -Со зголемувањето на бројот на доброволни дарители во Дарителскиот регистар за коскена срцевина се зголемуваат и шансите за пронаоѓање на соодветен дарител за пациентите за кои единствен спас е трансплантацијата на матични клетки, велат организаторите. Пунктот ќе биде лоциран на стартот на трката, од 08:30 часот, на бул „Илинден“ пред фонтаната Лотос, каде што граѓаните истовремено ќе можат и подетално да се информираат за тоа како и кој може да стане дарител, како и за значењeто на трансплантациите како можност за лекување.сх/лв/ фото: МИА Архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан