• недела, 22 декември 2024

Пукано врз автомобилот на хрватскиот главен државен обвинител Иван Турудиќ

Пукано врз автомобилот на хрватскиот главен државен обвинител Иван Турудиќ

Загреб, 22 март 2024 (МИА) - Врз автомобилот на судијата на Вишиот кривичен суд и новоименуваниот главен државен обвинител на Хрватска, Иван Турудиќ, било пукано, неофицијално дознава „Јутарњи лист“.

Според информациите кои ги објави весникот, засега не се знае кој и кога пукал врз неговото возило.

Имено, се тврди дека Турудиќ забележал дупка на автомобилот и го однел на сервис. Потоа автомеханичарите пронашле куршум во возилото, па станало јасно дека некој пукал врз неговото возило.

Турудиќ веднаш пријавил во полиција, која веднаш почнала истрага во врска со случајот. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан