• четврток, 04 декември 2025

ПСЖ со рекорден приход минатата сезона

ПСЖ со рекорден приход минатата сезона

 

Париз, 28 октомври 2025 (МИА) – Актуелниот европски фудбалски првак ПСЖ оствари рекордни приходи од 837 милиони евра во претходната сезона, објави денеска францускиот клуб.

Во извештајот се наведува дека 175 милиони евра се генерирани од приходи од натпреварите, додека 367 милиони евра доаѓаат од комерцијални извори, со влезот на шест нови спонзори.

Вкупните приходи ги опфаќаат машкиот и женскиот фудбалски клуб, како и ракометниот и џудо клубот.

За споредба, во сезоната 2023/24, ПСЖ генерираше 806 милиони евра приходи, што беше трет највисок износ во европскиот фудбал во тоа време.

Во мај, „Форбс“ ја процени вредноста на клубот од Париз на 4,6 милијарди долари, со што е седмиот највреден фудбалски клуб во светот. На врвот на листата е Реал Мадрид (6,75 милијарди), пред Манчестер Јунајтед (6,6 милијарди) и Барселона (5,65 милијарди).ег

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан