• четврток, 21 ноември 2024

ПСЖ пред разделба со капитенот Маркињос

ПСЖ пред разделба со капитенот Маркињос

Париз, 13 март 2024 (МИА) - Пари Сен Жермен размислува да му дозволи на својот капитен, Маркињос да го напушти клубот ова лето. 

Оваа информација, која доаѓа од Франција, е малку изненадувачка со оглед на тоа што Маркињос и понатаму е еден од најважните играчи во тимот.

Бразилецот е во ПСЖ од 2013 година и во последните години стана вистински лидер во одбраната.

Можеби потребата за освежување на одбраната ги поттикна во клубот да размислуваат за таков потег, особено по повредите на Маркињос.

Желбата е да се ангажира талентираниот Лени Јоро од Лил, за кого ќе треба да платат околу 40 милиони евра, но конкуренцијата за неговиот потпис е многу сериозна, откако тој е трансфер цел и на Реал Мадрид. дс

Фото: Архива

Остани поврзан