ПСЖ во Гризман гледа замена за Мбапе
- Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман може да ја продолжи кариерата во ПСЖ, објави „L'Equipe“.

Париз, 16 јуни 2023 (МИА) - Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман може да ја продолжи кариерата во ПСЖ, објави „L'Equipe“.
Парискиот клуб има намера да го ангажира 32-годишниот Французин како замена за Килијан Мбапе. Ослободителната клаузула на Гризман е 25 милиони евра.
Различни се информациите кои доаѓаат од Франција околу тоа дали Мбапе ќе го напушти ПСЖ ова лето.
Гризман минатата сезона одигра 48 натпревари, постигна 16 гола и 17 асистенции. зс/
Фото: ЕПА