• среда, 11 септември 2024

ПСЖ во Баерн најде замена за Мбапе

ПСЖ во Баерн најде замена за Мбапе

Мадрид, 21 јануари 2024 (МИА) - ПСЖ може да се обиде да го официјализира трансферот на крилниот напаѓач на Баерн, Лерој Сане, пренесува „Realmadrid Exclusivo“.

Според шпанскиот портал, трансферот ќе стане возможен само доколку си замине напаѓачот Килијан Мбапе, за кој е заинтересиран за Реал.

Тренерот на парижаните, Луис Енрике, имаа симпатии кон талентот на крилниот напаѓач од Минхен и го гледа во спој со Усман Дембеле и Рандал Коло-Муани.

Оваа сезона 28-годишниот Сане одигра 25 натпревари за Баерн во сите натпреварувања, постигна девет гола и даде 11 асистенции. Неговиот договор со клубот е до 2025 година.

Претходно Баерн изјави дека смета на продолжување на договорот со Сане. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан