• петок, 22 ноември 2024

Псаки: Меѓународната истрага за потеклото на коронавирусот во Кина мора да биде јасна и темелна

Псаки: Меѓународната истрага за потеклото на коронавирусот во Кина мора да биде јасна и темелна
Вашингтон, 28 јануари 2021 (МИА) - Меѓународната истрага за потеклото на коронавирусот во Кина мора да биде „јасна и темелна“, изјави портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки.
- Неопходно е да се дојде до суштината на прашањето за појавата на пандемијата на коронавирусот во Кина, рече портпаролката пред почетокот на теренската истрага од страна на експертите на Светската здравствена организација (СЗО).
Според неа, Вашингтон ќе ја процени веродостојноста на извештајот за истрагата кога ќе биде завршен и ќе користи „информации што биле собрани и анализирани од американските разузнавачки служби“ на таа тема.
Тим од десет меѓународни научници на СЗО пристигна во кинескиот град Вухан во средината на јануари.
По периодот на карантин, научниците ќе започнат истрага за потеклото на вирусот, кој првпат се појави во Вухан. паг/
   

Остани поврзан