• среда, 14 август 2024

Прскање против возрасни форми комарци претстојниот викенд во Скопје

Прскање против возрасни форми комарци претстојниот викенд во Скопје
Скопје, 10 август 2022 (МИА) - Авионската дезинсекција против возрасни форми комарци на подрачјето на градот Скопје ќе се спроведе на 13 август (сабота) и 14 август (недела) во раните утрински часови, соопшти РЦУК. Доколку временските прилики не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, како што се посочува, таа ќе се изврши првиот нареден ден кога временските прилики ке бидат поволни и тоа во истиот термин. Од РЦУК ги повикуваат пчеларите навремено да ги преземат сите потребни мерки за заштита на пчелите. рп/цр

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан