• понеделник, 15 декември 2025
Проја со блитва

Блитвата ѝ дава на пројата не само убав вкус, туку и прекрасен изглед.

 

Состојки:

  • 4 јајца
  • 100 грама крем сирење
  • 150 мл масло
  • 150 мл млеко
  • 150 мл минерална вода
  • 1 чаша (200 мл) пченкарно брашно
  • 1 чаша бело брашно
  • 1 чаша пченкарен гриз (пaлента)
  • 1 прашок за пециво
  • сол
  • 300-400 грама бланширана блитва
  • 150 грама рендано сирење  

 

Подготовка:

Изблендирајте ги јајцата со крем сирењето со миксер, додадете го маслото, млекото и минералната вода и на крај сувите состојки и солта. Соединете сè, потоа додадете ги блитвата и сирењето и измешајте. Истурете ја смесата во плех за печење со димензии 20x30 см обложен со хартија за печење. Печете на 180° 30-40 минути додека пројата не ја добие бојата како на сликата. Исечете ја малку изладената проја во посакуваните форми и консумирајте ја. Чаша млеко или јогурт ќе биде убава со оваа проја..

Сервирање:
Лесен ручек или вечера без месо. Пројата е подеднакво вкусна топла или ладна. Значи, можеме да ја носиме на работа или на патување.

Совет:
Наместо крем сирење, можете да користите урда, а наместо блитва, спанаќ.

 

Фото: Фрипик

Остани поврзан