• недела, 22 декември 2024

Проштална средба Муцунски – Норман

Проштална средба Муцунски – Норман

Скопје, 15 јули 2024 (МИА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари проштална средба со нерезидентниот амбасадор на Канада, Џајлс Норман. 

Како што информира МНР, Муцунски изрази благодарност за целокупната работа на Амбасадорот, нагласувајќи дека со неговиот ангажман и континуираните заложби до висока степен придонел за зајакнување на билатералните односи и стратешкото партнерство меѓу Северна Македонија и Канада.

На средбата стана збор и за сојузништвото во рамки на НАТО, особено по успешниот Самит на Алијансата во Вашингтон, истакнувајќи ги споделените определби на двете земји за зајакнување на трансатлантската стабилност во пресрет на актуелните безбедносни предизвици. Воедно, го поздравија нашето учество во Зајакнатото истурено присуство во Латвија, како дел од словенечкиот контингент, каде рамковна нација е Канада. На тој начин, заеднички придонесуваме за зајакнување на Источното крило на Алијансата, во време кога тоа е најпотребно.

Според МНР, на средбата се разговараше и за евроинтеграцискиот проце на земјава, при што беше изразена безрезервната канадска поддршка на тој пат. Дополнително, беше поздравена и соработката во рамки на меѓународните организации и заложбите за нејзино продлабочување во периодот што следи.

Соговорниците се осврнаа и на регионалните состојби, како и актуелните прашања од надворешно – политички и безбедносен карактер. мч/дма/

фото: МНР

 

Остани поврзан