• недела, 22 декември 2024

„Профундис“ и пијанистката Ема Попивода ќе настапат на „КоторАрт“ во Црна Гора

„Профундис“ и пијанистката Ема Попивода ќе настапат на „КоторАрт“ во Црна Гора

Скопје, 30 јули 2023 (МИА) - Македонскиот камерен оркестар „Профундис“ заедно со виртуозната пијанистка Ема Попивода како солист, вечер, ќе настапат на интернационалниот музички фестивал „КоторАрт“ во Котор, Црна Гора.

- Навистина сме среќни што ја имаме честа да го споделиме нашето музичко творење со публиката во Црна Гора. Фестивалот „КоторАрт“ ги спојува најпрестижните уметници како од регионот, така и од светот и важи за фестивал со реноме, па затоа поканата да бидеме дел од официјалната програма претставува вистинска чест и задоволство и несомнено значаен момент во нашата уметничка кариера, изјави Ѓурѓица Дашиќ, уметнички раководител и диригент на „Профундис“.

Инаку, фестивалот „КоторАрт“ со своето 21-годишно постоење се смета за еден од најголемите и најзначајните фестивали на уметноста во Црна Гора и регионот. бт/вг/

 

Фото: Профундис

Остани поврзан