• среда, 26 февруари 2025

Професор д-р Невена Груевска реизбрана за претседателка на МНД-Битола

Професор д-р Невена Груевска реизбрана за претседателка на МНД-Битола
Битола, 20 октомври 2022 (МИА) - Македонско научно друштво, МНД-Битола на редовно изборно Собрание, повторно за претседателка на МНД-Битола ја избра проф. д-р Невена Груевска, функција што ќе ја врши во наредните две години.
Одлуката за нов мандат на д-р Груевска беше донесена откако едногласно, и без забелешки беа усвоени извештајот за работата на МНД-Битола во изминатиот две годишен период и програмата за работа на друштвото, за која проф. д-р Невена Груевска доби поддршка од сите учесници на синоќешното изборно Собрание. Членовите на МНД-Битола, изгласаа во периодот 2022-2024 година, функцијата потпретседател на МНД- Битола да ја врши м-р Николче Трајчески, член на одделението за општествени науки, а донесоа и одлуки со кои избрани се нов состав на управниот и надзорниот одбор, уредувачки Совет и етичка комисија на Македонско научно друштво-Битола. Учесниците на изборното Собрание ги поздрави и најави идна зачестена соработка ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола, проф. д-р Игор Неделковски, воедно член и поранешен претседател на МНД-Битола. мт/дма/

Остани поврзан