• петок, 19 јули 2024

Професори од УКЛО-Битола вклучени во едукативна програма „Родум од Македонија“

Професори од УКЛО-Битола вклучени во едукативна програма „Родум од Македонија“

Битола, 7 јули 2022 (МИА) - Студенти од  САД, Канада, Велика Британија и од Швајцарија, учесници во програмата Birthright Macedonia односно Родум од Македонија, го посетија Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола.

На приемот што го приреди проректорот проф. д-р Игор Неделковски, учесниците информираа дека програмата „Родум од Македонија“ прв пат се реализира и во Битола каде активно учествуваат професори, студенти, институции и организации од Битола.

Програмата „Родум во Македонија“ во земјава ја организираат Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Обединетата македонска дијаспора (ОМД), а во Битола вклучен е Битолски Конзорциум од професори, невладини организации и поддржувачи, во кои се вбројуваат проф. д-р Мимоза Богданоска Јовановска и невладините организации Центар за Локални Иницијативи Битола, Организација на жени Битола, Инова Лаб Битола и други.

Гостите студенти за време на престојот во Битола ќе ги посетат Управа за јавни приходи – Регионален директорат во Битола, Битолска лабораторија, Ректоратот на УКЛО и градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски. мт/сст/

Остани поврзан