• понеделник, 23 декември 2024

Протоколот за згрижување и сместување на лица од Украина на владина седница

Протоколот за згрижување и сместување на лица од Украина на владина седница
Скопје, 5 април 2022 (МИА) -  Информацијата за усвојување на План - Протокол за прифаќање, згрижување и сместување, како и регулирање на статусот на лица кои од Украина ќе допатуваат во Република Северна Македонија како последица на воените дејствија и лица кои се затекнале на територија на Република Северна Македонија од 24 февруари 2022 година, а кои заради безбедносна состојба не се во можност да се вратат во Украина ќе биде разгледана на денешната 36. седница на Владата.Според дневниот ред, меѓудругото, на седницата ќе се разгледува и Информацијата за Преглед на статусот на имплементација на Глобалниот Компакт за Миграција (ГКМ) во Република Северна Македонија.На предлог на Министерството за информатичко општество и администрација, пред министрите ќе се најде и Информација за мерење на квалитетот на работата на институциите согласно Методологијата за оценка на индекс на квалитет.За заклучоците и одлуките од денешната владина седница јавноста ќе биде информирана со соопштение, веднаш по нејзиното завршување, информираат од владината прес-служба. дма/са/

Остани поврзан