• вторник, 12 ноември 2024

Противниците на државниот удар во Мјанмар формираа влада на национално единство

Противниците на државниот удар во Мјанмар формираа влада на национално единство
Непјидо, 16 април 2021 (МИА) - Противниците на воената хунта во Мјанмар во петокот објавија дека формирале влада на национално единство што вклучува неодамна сменети пратеници, лидери на протести и етнички малцинства, нагласувајќи дека нивната цел е соборување на воената хунта. Во Мјанмар владее насилство од ударот од 1 февруари кога беше симната цивилната влада предводена од Аунг Сан Су Ки, која беше на власт пет години. Граѓаните секојдневно протестираат барајќи враќање на демократијата, пркосејќи и на репресијата на безбедносните сили во која беа убиени повеќе од 700 луѓе, според групата за мониторинг. „Ве молам, поздравете ја народната влада“, рече активистот за демократија Мин Ко Наинг, претставувајќи ја владата на национално единство во видео обраќање. Тој истакна дека волјата на народот е приоритет на новата влада, признавајќи дека тие се соочуваат со огромен предизвик. „Ние се обидуваме да ја искорениме, затоа мора да жртвуваме многу“, рече тој, зборувајќи за хунтата. паг/

Остани поврзан