• петок, 22 ноември 2024

Протест против изградба на асфалтна база кај росоманско Камен дол

Протест против изградба на асфалтна база кај росоманско Камен дол
Росоман, 27 јануари 2021 (МИА) - Инвестирање во заштита од прашината од каменоломот, одржување на патот кој се користи од камиони и тие побавно да возат, се барањата кои денеска ги истакнаа жители на росоманско Камен Дол, на мирниот протест пред селото. Тие се против изградба на асфалтна база и за МИА рекоа дека стравуваат за сопственото здравје и за животната средина. Поединци се пожалија и дека им се тресат куќите при минирање и кршење камења во објектот близу селото. Поддршка на локалните жители на протестот им дадоа четворица советници од Совет на Општина Росоман. Сопственикот на каменоломот се сретна со луѓето кои протестираа. Двете страни се договорија да се сретнат в петок, сопственикот на каменоломот да ја даде на увид бараната документација, па да потпишат заеднички документ во кој ќе ги наведат сите работи на кои треба да се обрне внимание во иднина, се со цел локалното население да нема забелешки од работата на објектот во близина. Селото Камен дол има околу 120 постојани жители. свд/свс/

Остани поврзан