• недела, 22 декември 2024

Протест пред РИК во Белград поради изборна измама

Протест пред РИК во Белград поради изборна измама
Белград, 4 април 2022 (МИА) - Претставниците на коалицијата „Мораме“, која ја сочинуваат „Да не го давиме Белград“, граѓанската платформа „Акција“ и Еколошкото востание на Александар Јовановиќ Чута, вечерва со протест пред седиштето на Републичката изборна комисија (РИК) во Белград најавија дека „ќе го бранат секој глас“, јави дописникот на МИА од Белград. Тие ја блокираа улицата пред седиштето на РИК во центарот на Белград, која треба подоцна вечерва, како што е најавено, по одржување на две седници, да организира прес-конференција за изборните резултати. Претставникот на Еколошкото востание Александар Јовановиќ Чута изјави дека инсистираат на „јавно пребројување на гласовите на места каде што имало нерегуларности“. Тој изјави дека врз основа на извештајот на РИК, ќе види дали коалицијата „Мораме“ ќе влеземе во коалиција со „Ајде луѓе“ и Обединети за победа на Србија. Кандидатот за претседател на коалицијата „Мораме“, Билјана Стојковиќ порача дека ќе остане на улица и „ќе се бори за секој глас“. Радомир Лазовиќ, претставник на движењето „Да не го давиме Белград“, ги повика сите политички организации „кои не се дел од режимот“ да се приклучат на протестот. об/

Остани поврзан