• вторник, 17 декември 2024

Протест на улиците на Берн против Федерер

Протест на улиците на Берн против Федерер
Берн, 23 септември 2020 (МИА)- Сонародниците на Роџер Федерер протестираа против легендата на тенисот. Митингот на централниот плоштад во швајцарската престолнина Берн имаше за цел соработката на спортистот со „Кредит Свис“, која пак финансира развој на нови нафтени полиња. Швајцарските навивачи маршираа низ главните улици со плакати на кои пишуваше: „Роџер, разбуди се!“. Асоцирањето на Федерер со банката стана светска вест претходно оваа година кога младата анти-климатска активистка Грета Тунберг го коментираше на Твитер неговиот спонзорски договор. Банката продолжува со дупчење и уништување на шумите во сливот на Амазон. Затоа, демонстрантите ја повикаа спортската ѕвезда да ги прекине сите врски со предметната банка. - Влијанието и заканата од климатските промени ги сфаќам многу сериозно, особено кога моето семејство и јас отидовме во Австралија по уништувањето на пожарите, рече Федерер во изјавата.

Тагови

Остани поврзан