• петок, 22 ноември 2024

Протест на сопствениците на имот во заштитеното подрачје „Малешево“

Протест на сопствениците на имот во заштитеното подрачје „Малешево“
Берово, 14 април 2022 (МИА) - Сопствениците на приватен недвижен имот од Берово, го започнаа најавениот мирен протест со цел да се реши ситуацијата со нивните приватни недвижни имоти кои се наоѓаат во делот на заштитеното подрачје „Малешево". Беровчанецот Бранко Скендерски информираше дека со одлуката што на 14 јануари годинава ја донесе Владата, заштитен е дел од Малешевскиот предел кој опфаќа околу 11.000 хектари површина, од кој дел шума, а дел земјиште во приватна и државна сопственост. - Во тој предел има три зони, едната е за строга заштита, едната за контролитана заштита и едната е одржливо стопанисување. Ние на почетокот не можевме да ја повлечеме дрвната маса за која имавме одобрение, се случи одлуката да биде донесена во една енергетска криза, а во Берово нема друг енергенс освен дрвото значи некој како намерно да сака да направи уште поголема економска криза. Тоа е што се однесува до шумите и ние го активиравме тој проблем како каписла, но не е само шумарството во прашање, во прашање се сите недвижности, ниви, ливади, пасишта итн, истакна Скендерски. Еден од сопствениците на недвижен имот Бранко Арменски додаде дека Берово нема друго природно богатство, а поради сотуацијата на луѓето кои инвестирале во суровини особено им е загрозена егзистенцијата. - Без наша согласност некој во името на нас ни го огранучува суверенитетот. Јас не можам да кажам дека во прашање е сопственоста, не можат да не избришат како сопственици од имотен лист, но и покрај досегашното ограничување на недвижен имот шумата е таков вис недвижен имот на кој може да правите што сакате, рече Арменски. Помошник раководителот на ЈП ,,Македонски Шуми" подружница Берово Марјан Соколчевски рече дека проблемот настанал по Нова година по првата средба со сопствениците на недвижен имот. - Од претходните две средби имаше заклучок како да се заврши работата во интерес на сите и на 12 април донесена е одлука од Владата и во точката 23 пишува дека активностите можат да продолжат како досега што било, рече Соколчевски. Доколку оваа одлука не се оствари сопствениците на приватен недвижен имот ќе продолжат со протести се до остварување на нивните барања. вс/цр/

Остани поврзан