• четврток, 21 ноември 2024

Протест на државите правобранители, бараат повисоки плати, во спротивно ќе се блокира експропријацијата

Протест на државите правобранители, бараат повисоки плати, во спротивно ќе се блокира експропријацијата

Гостивар, 30 октомври 2024 (МИА) - Доколку не се исполнат барањата на УПОЗ, решавањето на предметите за експропријација на имоти низ кои поминуваат коридорите 8 и 10 ќе бидат блокирани, ова го најави првиот човек на синдикатот Трпе Деаноски. Протестот кој започна денеска и се однесува сите подрачни единици, велат, е одраз на незадоволство од неисполнетото барање за покачување на додатокот на плата.

Претседателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ), Трпе Деаноски на прес-конференција по средбата со членовите на синдикалната организација напомена дека доколку платите не им се покачат платите ќе стапат во штрајк. Тоа, според него, ќе значи и застој во решавањето на предметите поврзани со експропријацијата на парцели низ кои минуваат, автопатските сообраќајници кои се градат.

Деаноски најави дека протестите кои ќе траат по два часа во текот на денот и нивна цел е да се прифати единствено барање за исплата на додаток на плата во висина од 30% на платата.

- Претставници на Владата пред некој ден токму во Гостивар, изјавија дека до нова година ќе се завршат сите постапки за експропријација и дека само за два месеци се завршени 2.432 предмети за експропријација. Само во Гостивар се завршени 1.300 предмети и уште две илјади други. Постапките се само дел од работните задачи на вработените кои се адвокати на државата. Нивната основна задача е да ги штитат интересите и имотот на државата. За жал во изминативе години таа заборави на нив, рече Деаноски.

Тој посочи дека од постапките за експропријација зависи и рокот за изградбата на автопатиштата, а нив како што нагласи ги водат вработените во Државното правобранителство.

Првиот човек на УПОЗ напомена дека до сега биле побарани средби со владини претставници за нивните барања, но сè уште не добиле одговор.

Од Министерството за транспорт и врски инфромираа за напредокот во процесот на експропријации на парцели за изградба на "Коридор 8" кој според нив во овој период бил интензивен.

Во државните правобранителства има 118 вработени кои примаат околу 28 илјади денари.

- За овој голем проект потребна е експропријација на 4032 парцели, а ние со гордост кажуваме дека до денес сме успеале да експроприерираме 2432 од нив, што е над 50%. Овој резултат јасно ја покажува посветеноста и ангажманот на целиот тим и напредувањето со брзо темпо кон реализацијата на овој важен коридор за Северна Македонија, стои во информацијата од кабинетот на Калтрина Зеколи Шаќири Заменик министер на Министерство за Транспорт и врски. згм/сст/

фото МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан