• понеделник, 23 декември 2024

Протест на вработените во охридската подружница на националната Пошта 

Протест на вработените во охридската подружница на националната Пошта 
Охрид, 19 октомври 2022 (МИА) - Вработените во Пошта на РСМ, подружница Охрид, денеска се вклучија во предупредувачкиот протест за, како што велат, крајно неповолните состојби во кои се наоѓа државнмата компанија. Тони Матески, претставник на Синдикатот на Македонска пошта во Охрид информира дека ќе протестираат секој работен ден за време на паузите од половина час се до конечна стабилизација на состојбите во Пошта. - Наместо консолидација и стабилизација на состојбата, нашата компанија секојдневно се повеќе навлегува во криза и тоа во сите сфери на работењето. Платата се повеќе се исплаќа со задоцнување, односно пробивање на законската регулатива за исплата на плати и до овој момент се уште не е испатена со што е загрозена егзистенцијата на вработените и нивните семејства, изјави Матески. Тој потенцира дека не биле реализирани ниту обврските од минатогодишната спогодба со менаџерскиот тим. - До сега тие процеси требаше да бидат во завршна фаза, а воопшто не се ни започнати или се во рана фаза. Станува збор за изготвување нова систематизација, потпишување нов колективен договор, нова реонизација, набавка на униформи и основни средства за работа, набавка на мопеди, велосипеди, возила за користење на технолошкиот процес и нивно навремено и квалитетно сервисирање. Изготвување правилници за награди и казни, пропишан систем на кариера, како и формирање на Фонд за поддршка на компанијата од страна на Владата имајќи го во предвид фактот дека македонска Пошта е единствен носител на лиценцата за давање на универзални услуги на целата територија на државата, појасни Матески. сс/лв/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан