• петок, 10 мај 2024

Прослава на јубилеј 10 години од формирањето на Партијата на пензионерите(ПП)

Прослава на јубилеј 10 години од формирањето на Партијата на пензионерите(ПП)

Скопје, 13 март 2023

Денес на ден 13.03.2023 година, со пригоден собир е  одбележан јубилејот,  10 годишнината од формирањето на Партијата на Пензионерите. На собирот се обрати претседателот на Партијата на Пензионерите (ПП), г-дин Илија Николовски. Пред собраните гости од составот Инцијативниот одбор за формурање на партијата, првото раководство на партијата и актуелниот Извршен одбор на ПП, како и други гости, претседателот ги напомена околностите и опкружувањето во времето на формирањето на партијата. Николовски исто така ги опиша и сите успеси и постигнувања на ПП во изминатите 10 години од кои последните 7 години е парламентарна партија во Собранието на Република Северна Македонија.  

Генерален секретар на ПП 
Киро Ристовски 

—————————————————————————————————————————

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: Партијата на пензионерите(ПП)

Остани поврзан