• недела, 24 ноември 2024

Просечната температура во светот измерена на 3 јули била на рекордно високо ниво

Просечната температура во светот измерена на 3 јули била на рекордно високо ниво

Лондон, 4 јули 2023 (МИА) – Просечната температура во светот измерена вчера на 3 јули била рекордно висока, јави денеска Блумберг.

Глобалната просечна температура изнесувала 17 Целзиусови степени, што е повеќе од претходниот рекорд од 16,9 степени Целзиусови, поставен во август 2016 година, според податоци на британскиот Национален центар за предвидување на услови во животната средина.

- Ова не е пресвртница што треба да ја славиме, тоа е смртна казна за луѓето и екосистемите. Ова е загрижувачко бидејќи нема да биде најтопол ден уште долго време, изјави Фридерике Ото, виш предавач на Институтот за климатски промени и животна средина во Грантам, додавајќи дека временскиот феномен „Ел Нињо“ годинава ќе придонесе за соборување на повеќе топлотни рекорди. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан