• петок, 23 август 2024

Пронајден можен извор на „вонземскиот“ сигнал „Уау“ што ги збунува астрономите речиси половина век

Пронајден можен извор на „вонземскиот“ сигнал „Уау“ што ги збунува астрономите речиси половина век

Мајами, 23 авгyст 2024 (МИА) - Група научници од Универзитетот на Порторико во градот Аресибо, се чини, се сѐ поблиску до решавање на мистеријата за сигналот „Уау“, регистриран пред 47 години. Овој феномен се сметаше за можна „порака“ од вонземјани. Новата теорија е објавена на порталот за нерецензирани научни публикации „Арксив“.

На 15 август 1977 година, американскиот астроном Џери Ејман од Државниот универзитет во Охајо снимил мистериозен радиопренос од Вселената, на фреквенција од 1.420 мегахерци, пренесува српскиот портал „Политика“. Сигналот дошол од соѕвездието Стрелец во центарот на нашата галаксија Млечен Пат. Воодушевен од откритието, истражувачот ја означил примената порака со извикот „Уау!“ (Леле! / Wow!), пишува руски „Прокосмос“.

Тоа и останало како неофицијално име на тој необичен сигнал.

Најновото истражување посочува дека мистериозниот сигнал би можел да биде зрачење на супермоќен ласер. Тоа веројатно е поврзано со меѓуѕвездени облаци од ладен водород. Најсилниот излив на зрачење што минува низ водород го поттикнува тој гас да создаде моќен пулс на фреквенција од околу 1.420 мегахерци.  си/

Фото: Википедија

Остани поврзан