Пронајдено одземено возило, приведени двајца крадци
- МВР информира дека вчера полициски службеници од Полициската канцеларија Градско ги лишиле од слобода Х.В.(33) и Е.В (27), двајцата од Кавадарци.

Скопје, 31 август 2022 (МИА) - МВР информира дека вчера полициски службеници од Полициската канцеларија Градско ги лишиле од слобода Х.В.(33) и Е.В (27), двајцата од Кавадарци.
-Тие се сомничат дека ноќта помеѓу 29 и 30.08.2022 од дворот на Г.М.(66) од Кавадарци го одзеле неговото патничко возило „форд“ со кавадаречки регистарски ознаки, во кое имало и риболовна опрема. Одземените предмети и возилото биле пронајдени и вратени на сопственикот, известуваат од МВР.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.ир/дма/