• петок, 05 декември 2025

Пронајдени 13 мобилни телефони во затвор кај обвинет за „Пулс“, судењето продолжува

Пронајдени 13 мобилни телефони во затвор кај обвинет за „Пулс“, судењето продолжува

Скопје, 2 декември 2025 (МИА) - Во затворот кај обвинетиот Џеваир Камбери од Министерството за економија за случајот „Пулс“ биле пронајдени 13 мобилни телефони и лаптоп, информираше судијката Диана Груевска Илиевска непосредно пред почетокот на денешното рочиште и го опомена обвинетиот.

Тој изјави дека ги пронашол телефоните кога стигнал таму.

 -Ги пронајдов телефоните кога стигнав таму, изјави обвинетиот пред Судот.

Непосредно пред почетокот на денешното рочиште таа информираше и дека биле поднесени нови полномоштва за оштетени лица.

На денешното рочиште се очекува произнесување на вина и воведни зборови на одбраната, а јавноста може да го следи во живо преку каналите на МИА.

Судењето се одвива под засилени безбедносни мерки, со присуство на обвинетите, роднини на жртвите, обвинителството, одбраната и бројни новинари. 

Обвинителството, застапувано од тим од 15 јавни обвинители, најави дека доказите ќе покажат оти клубот „Пулс“ бил смртоносна стапица уште од самиот почеток, резултат на систематска негрижа и институционални пропусти.

На обвинителна клупа седнаа 37 обвинети – сопственици, управители, инспектори, поранешни градоначалници, обезбедување и државни службеници, меѓу кои и Џеваир Камбери, кај кого биле пронајдени телефоните.

Во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. ар/вг/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан