• сабота, 18 мај 2024

Пронајдени тела на двајца починати мигранти покрај пругата кај кумановско Табановце

Пронајдени тела на двајца починати мигранти покрај пругата кај кумановско Табановце
Куманово, 25 јануари 2022 (МИА) - Пронајдени две тела на починати лица мигранти покрај пругата во кумановското село Табановце, соопшти денеска полицијата која се уште врши проверки за утврдување на идентитетот. -Денеска во 15.42 часот во СВР Куманово било пријавено дека покрај железничка пруга во село Табановце, кумановско биле пронајдени две тела на починати лица-мигранти и се уште се вршат проверки за утврдување на нивниот идентитет, соопшти СВР Куманово. Екипа на кумановската полиција извршила увид на место на настанот.ам/см/

Остани поврзан