Пронајдени пиротехнички средства во Старо Нагоричане, лишено од слобода едно лице, следува пријава
- Кумановската полиција лиши од слобода седумдесет и едногодишен жител на Старо Нагоричане, бидејќи продавал пиротехнички средства, соопшти денеска СВР Куманово.
Куманово, 23 декември 2025 (МИА) - Кумановската полиција лиши од слобода седумдесет и едногодишен жител на Старо Нагоричане, бидејќи продавал пиротехнички средства, соопшти денеска СВР Куманово.
- Денеска во 10:30 часот, полициските службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Г.Д.(71) од Старо Нагоричане. При контрола и преглед во неговиот импровизиран продажен објект во село Старо Нагоричане биле пронајдени 2.051 парчиња пиротехнички средства, информираше полицијата.
Тој е приведен во полициска станица и по целосното документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава. ам/вј/
Фото: МИА