Пронајдени пакувања дрога и мобилни телефони при претрес во КПУ Затвор Скопје
- Министерството за внтарешни работи соопшти дека при денешната акциска контрола извршена во Казнено-поправната установа Затвор Скопје, пронајдени и одземени 25 пакувања со бела прашкаста материја, шест пакувања со марихуана и 12 мобилни телефони.

Скопје, 5 март 2023 (МИА) - Министерството за внтарешни работи соопшти дека при денешната акциска контрола извршена во Казнено-поправната установа Затвор Скопје, пронајдени и одземени 25 пакувања со бела прашкаста материја, шест пакувања со марихуана и 12 мобилни телефони.
- Денеска (05.03.2023) Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал - Сектор за криминалистички истраги - Единица за недозволена трговија со дрога, во координација со Одделот за специјални полициски операции, СВР Скопје и тимови со службено куче од мобилната царина, под раководство на јавен обвинител спроведоа акциска контрола во Казнено-поправната установа Затвор Скопје, стои во соопштението на МВР.
Оттаму информираат дека при контролата, врз основа на судска наредба, биле извршени претреси во две ќелии и притоа биле пронајдени и одземени 25 пакувања со бела прашкаста материја, шест пакувања со марихуана и 12 мобилни телефони.
По извршено вештачење и целосно документирање на случајот, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал ќе поднесе соодветна кривична пријава. сх/нд/
Фото: архива