• петок, 22 ноември 2024

Пронајдени девет рибарски мрежи во Охридското езеро, риболовниот алат и уловот однесени во полициска станица

Пронајдени девет рибарски мрежи во Охридското езеро, риболовниот алат и уловот однесени во полициска станица
Скопје, 18 јануари 2022 (МИА) - На потегот од населба Лагадин до село Пештани и наспроти автокампот „Градиште“ биле пронајдени девет рибарски мрежи со должина од околу 50 метри, информираат од Министерството за внатрешни работи. Мрежите биле пронајдени ноќта помеѓу 17 и 18 јануари од 19 до 2 часот по полноќ од страна на полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“, во содејство со инспектори од Државниот инспекторат за земјоделие и водостопанство. - На потегот од населба Лагадин до село Пештани, на околу 100 метри од брегот на езерото пронашле осум рибарски мрежи со должина од околу 50 метри, со улов од 82 парчиња риба. Исто така, наспроти автокампот „Градиште“, на околу 100 метри од брегот на езерото, била пронајдена една рибарска мрежа со должина од околу 50 метри, стои во соопштението од МВР. Од МВР велат дека риболовниот алат со уловот е подигнат и донесен во Полициската станица за Граничен надзор „Охридско езеро“ за понатамошна постапка и се преземаат мерки за расчистување на случајот. ар/цр  

Остани поврзан