Пронајдена дрога во дом на охриѓанец, полицијата го привела
- Полицијата од СВР Охрид - Отсек за недозволена трговија со дрога и оружје вчера во 20 часот во Охрид го лишила од слобода 44-годишниот охриѓанец И.Ш.

Скопје, 29 април 2023 (МИА) - Полицијата од СВР Охрид - Отсек за недозволена трговија со дрога и оружје вчера во 20 часот во Охрид го лишила од слобода 44-годишниот охриѓанец И.Ш.
- При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти Министерството за внатрешни работи. хс/сп/
Фото: МИА архива