• сабота, 22 февруари 2025

Пронајдена брендирана роба без документација, приведено едно лице

Пронајдена брендирана роба без документација, приведено едно лице

Скопје, 17 февруари 2025 (МИА) - Полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции, вчера околу 16.30 часот на патниот правец од Богданци кон село Фурка, дојранско извршиле контрола на товарно возило „ивеко“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Б.Г.(59) од Струмица.

Како што соопшти денеска МВР, при контролата во возилото биле пронајдени и одземени вкупно 672 парчиња брендирана роба за која не поседувал соодветна документација.

За настанот бил известен јавен обвинител, а лицето било лишено од слобода. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава по член 285 од Кривичниот законик. дма/ев/

Фото:МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан