• вторник, 14 април 2026

Промоција на Швајцарската комора на Северна Македонија - „Свис чам МК“'

Промоција на Швајцарската комора на Северна Македонија - „Свис чам МК“'

Скопје, 25 март 2026 (МИА) - Во Музејот на македонската борба за самостојност денеска свечено ќе биде промовирана Швајцарската комора на Северна Македонија - „Свис чам МК“.

Како што е најавено, на настанот ќе се обратат претседателот на „Свис чам МК“, амбасадорот на Швајцарија во земјата, Кристоф Зомер, и заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски. 

- Настанот претставува значаен чекор кон унапредување на економската соработка, деловното поврзување и промоцијата на швајцарските вредности во деловното работење во Република Северна Македонија - соопшти „Свис чам МК“. хс/ац/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан