Промоција на резултатите од проектот „Можеби сме различни, но сите имаме талент“
- Тимот на Прва детска амбасада во светот Меѓаши - Скопје денеска ќе ги промовира резултатите од проектот „Можеби сме различни, но сите имаме талент (кампања за подигнување на свеста)“.

Скопје, 31 август 2022 (МИА) - Тимот на Прва детска амбасада во светот Меѓаши - Скопје денеска ќе ги промовира резултатите од проектот „Можеби сме различни, но сите имаме талент (кампања за подигнување на свеста)“.
Како што е најавено, ќе бидат промовирани производите и резултатите од кампањата, пет видео записи за пет различни девојки и момчиња, а дополнително ќе биде промовирана и публикацијата која ги резимира главните сознанија и искуства во рамки на проектот.
Осврт кон кампањата „Можеби сме различни, но сите имаме талент“, ќе има м-р Драги Змијанац, претседател и основач на Првата детска амбасада во светот Меѓаши. цр/лв/