• сабота, 20 април 2024

Промоција на публикацијата „Мапирање на обичајот Мартинки во Скопје и Скопско“

Промоција на публикацијата „Мапирање на обичајот Мартинки во Скопје и Скопско“

Скопје, 21 февруари 2023 (МИА) - Публикацијата „Мапирање на обичајот Мартинки во Скопје и Скопско“ од авторките Василка Димитровска, Душица Брачиќ и Ленче Димовска во издание на ХАЕМУС – Центар за научно истражување и промоција на културата, денеска ќе биде промовирана онлајн на страниците на ХАЕМУС на социјалните медиуми.

Автор на илустрациите е Бисера Наумовска.

Промоцијата на „Мапирање на обичајот Мартинки во Скопје и Скопско“ претставува вовед во претстојната јубилејна десетта по ред традиционална манифестација „Среќна Баба Марта 2023“ во организација на ХАЕМУС.

Публикацијата е изработена со кофинансиска поддршка од Министерството за култура, како проект поддржан на Годинешниот конкурс за финансирање на проекти од национален интерес во културата за 2022 година. ир/вг/

Остани поврзан